Во Велес завршија 50. Детски Рацинови средби

Од:

Со промоција на книгата за деца „Марта“ од Горјан Петревски за која зборуваше Васил Тоциновски денеска во Велес заврши програмата на 50-тите јубилејни Детски Рацинови средби, посветени на најпознатиот македонски поет Коста Солев Рацин.

Инаку, претпладнето во рамките на програмата се одржа и традиционалниот Поетски караван низ основните училишта во Велес на кој учествуваа познати македонски писатели, како и дел од велешките писатели кои пишуваат за деца и млади.

Претседателот на организацискиот одбор на Детските Рацинови средби, Лила Арсова изјави дека манифестацијата и годинава ја остварила целта за популаризација на поезијата меѓу најмладите основците и средношколците во земјава.

– Ние преку учеството на манифестацијата и преку распишаниот литературен и ликовен конурс ги потикнуваме најмладите и самите да творат, воедно и уште повеќе да се заинтересираат и ја запознаат поезијата на Коста Солев Рацин и останатите поети, со што ја продолжуваме традицијата на оваа една од најдолгите поетски манифестации за деца во земјава, потенцира Арсова.

Таа воедно се заблагодари на општина Велес и градоначалникот Аце Коцевски кои имаа слух да ги подржат вистинските вредности да ја финансираат оваа значајна манифестација за деца и млади.

Инаку во рамките на манифестацијата во изминатите два дена децата учествуваа на ликовни и поетски работилници, ја посетија родната Спомен куќа на Рацин, прошетаа и читаа поезија по Сокакот на поезијата и се запознаа со традициите на Велес.

На манифестацијата и годинава учествуваа стотина основци и средношколци и нивните ментори од цела Макадонија.

Слободан Пандов, професор по ликовно образование од гимназиските паралелки во Пехчево, ментор на добитничката на Гран при за ликовна творба, изјави дека оваа манифестација е многу значајна за децата и младите за ширење за популаризација на поезијата и ликовната култура и останатите творечки вредности кај младите.

Би можело да ве интересира

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес