Во Велес вечерва стартува втората етапа од Топол културен бран

Од:

Со целовечерен концерт на Кумановскиот тамбурашки оркестар вечерва во 20 часот и 30 минути во Младинскиот парк во Велес стартува втората етапа на проектот Топол културен бран.

Како што информира за медиумите Мартин Мајсторов портпарол на Општина Велес, на 26 август во Ликовниот салон ќе се одржи концертот Дуо пијано на Габриела Бачманова и Илија Настовски од Велес, професори по пијано. Ќе бидат изведени дела од Бах, Клементини, Хачатуријан, Бетовен, Дворжак и Пјацола.

Истата вечер  во Ликовниот салон со почеток ќе се промовира збирката афоризми „Кочење во тројка“ од авторите Димитар И.Вилазорски, Миле Ѓорѓиоски и Васил Толевски.

Промоцијата е во организација и по избор на Друштво на писатели „Кочо Рацин“ од Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“.

Годинешниот Топол културен бран ќе биде затворен на 27-ми август со концертот „Апасионато“ на гудачкиот квартет под раководство на Пламенка Трајковска во Младинскиот парк.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

Почина култниот режисер Дејвид Линч

Предраг Петровиќ

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден