Во куќата на Касапови или попозната како „Куќата што лебди“, синоќа во Велес заврши 10-тата Ликовна колонија „Папрадишки мајстори“.
По десетти пат Куќите на уметноста односно Куќата на Касапови и Куќата на Јордан Х.К.Џинот беа дом и ателје на 18 уметници од Словенија, Хрватска, Србија,
На затворањето претседателот на Советот на Општина Велес,Александар Колев и претседателот на Здружението на граѓани „Папрадишки мајстори“ кои заеднички ја организираа колонијата на сите учесници им врачија благодарници и пригодни подароци.
Во оваа пригода Колев им се заблагодари на уметниицте што десет дена биле дел од Велес и ќе го промовираат градот и македонската култура во средините од кои доаѓаат. Тој вети дека Општина Велес и во иднина ќе ја поддржува колонијата.
Раководителот на колонијата ликовниот уметник и скулптор Ангел Коруновски за МИА изјави дека е задоволен од годинашната колонија.Тој најави дека делата од оваа колонија традиционално ќе бидат претставени во Ликовниот салон во Велес по повод 9 – ти Ноември денот на Општина Велес.
Една од учесничките на колонијата, Ана Јакиќ Дивковиќ уметник од Загреб од Хрватска која на колонијата беше со нејзината ќерка исто така уметник, Ана Дивковиќ во изјавата за МИА потенцира дека е воодушевена од Велес од двете куќи на уметноста, од велешката архитектура,конфигурација и реката Вардар кои биле инспирација за нејзините дела.