Во Велес почнаа со работа деветтите „Етно работилници“

Од:

Во спомен-куќите на Васил Главинов, Кочо Рацин, Јордан Хаџи Константинов – Џинот и во куќата на Касапови во стариот дел на Велес денеска почнаа со работа деветтите „Етно работилници“.

Организатори се општина Велес и Советот на млади во соработка со Здружението на граѓани „Разбој“ од Велес.

Во спомен-куќата на Васил Главинов се одржува столарска работилница, а во куќата на Рацин младите го учат грнчарскиот занает. Во спомен-куќата на Џинот е сместена работилницата за изработка на накит, додека во куќата на Касапови е ткајачката работилница.

Во рамки на „Етно работилниците“ во куќата на Касапови втора година се одржува „Школа за млади копаничари“, а со работилниците раководат искусни мајстори од градот.

Гоце Станчев од Здружението на граѓани „Разбој“ од Велес информира дека во етно работилниците се вклучени шеесетина основци од велешките училишта.

– Целта на работилниците е да се оживеат старите занаети по кои Велес во минатото бил препознатлив, а денеска за жал тие се пред изумирање. Со пренесување на занаетите кај младите очекуваме дека ќе ги заинтересираме да ги продолжат старите занаети, потенцира Станчев.

„Етно работилниците“ ќе траат до 27 јуни, кога во Куќата на Касапови ќе биде организирана заедничка етно изложба на која ќе бидат претставени изработените предмети од учесниците, а организаторите на учесниците ќе им врачат и дипломи.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ