Во Велес отворена изложбата „ФЕМИГРАЦИИ“- уметност за правата на бегалците

Од:

Во Велес отворена тематската изложба „ФЕМИГРАЦИИ“-уметност за правата на бегалците. Изложбата е организирана според проект на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, Македонското здружение на млади правници и Народниот музеј од Велес, а под кураторство на Ана Франгова, и координација на Нита Чаволи.

Елица Николова, историчар на уметноста од Народниот музеј, пред присутните појасни дека станува збор за изложба со 21 ликовно дело изработено од исто толку жени уметнички од Македонија кои се од различни возрасти, а е посветена на жените бегалки од кризните региони.

Таа информира дека мигрантската криза ,односно тематиката на изложбата е трогателна и се однесува на еден проблем кој е познат уште од праисторијата.

-Миграцијата во денешно време е се’ поприсутна на глобалната сцена на светот, а ние како народ во повеќе наврати сме го имале во минатиот век, длабоко сочуствуваме со сите напатени и изгонети од своите домови. За среќа оваа година транзитот на мигранти низ градот е многу помал, но затоа тука е оваа изложба да не потсети дека проблемот со миграцијата е далеку од решен и е се’присутен не само како мигрирање за спас на голиот живот, туку и миграцијата која како чума ги пустоши сиромашните земји во потрага по попристоен и поквалитетен живот,потенцира Николова.

Во изјава за МИА, Нита Чаволи потенцира дека оваа изложба има една длабока хуманитарна порака, да ги едуцира и побуди чувства на хуманост кај уметниците, а потоа и кај посетителите.

-Целта беше прво уметниците да се ангажираат за темата, а потоа пораката за хуманост преку нивните дела да допре до посетителите и гледачите. За нас прво уметниците беа првата целна група за едукација за тоа што е миграција, за проблемите кои ги носат присилните миграции од војна и опасност и друго, појасни Чаволи.

По Скопје, Куманово, Тетово и Велес, каде ќе остане една недела,,а како што најавија организаторите тематската изложба по кратка пауза потоа ќе биде претставена во Битола и Гевгелија, потоа и во Охрид и Струга и други градови во земјава.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска