Во Велес отворена изложба на украинката Снежана Мелник

Од:

Во Ликовниот салон во Велес попладнево е отворена самостојната изложба на уметницата од Украина, Снежана Мелник, која веќе четири години живее во Македонија.

На изложбата, која ја отвори Елица Николова директор Народниот музеј во Велес, Мелник се претстави со 12 слики портрети на жени во техника акрил на платно и масло на платно.

Како што појасни Мелник, осум од портретите ги насликала за еден месец за потребите на украинската амбасада во Скопје, а потоа и останатите портрети на кои се претставени жени од Македонија и Украина во народни носии.

– Понатаму сакам да насликам и портрети на жени во народни носии од останатите националности кои живеат во Македонија, како Турчинки, Албанки и останатите. Јас сакам да продолжам да ги насликам во народни носии и сите жени на Балканот и да направам галерија на словенските жени во народни носии. Воедно потоа планирам да нацртам и портрети на мажи во народни носии од сите овие простори и исто така да ги претставам на изложба, најави таа.

Оваа изложба прво била презентирана во Кавадарци, сега во Велес, а планира да ја претстави и пред скопската публика и во останатите градови во Македонија.

– Пораката на моите портрети е колку животот на жената може да биде различен. Воедно сакам да кажам и како жената со очи може да ги прикаже своите чувства, потенцира Мелник.

Снежана Мелник е родена е на 26 Ноември 1979 во градот Брианка, близу Луганск во Украина. Завршила основно училиште во родниот град Брjанка во 1997 година. Во 2001 година, дипломирала на технолошко економскиот колеџ во Брjанка, на отсекот за модендизајн. Од 2005 до 2011, студира и дипломира на источно украинскиот национален универзитет, на отсекот менаџмент и организација. Во 2013 се сели во Скопје. Во 2015 почнува да посетува курс по цртање и сликање, кај уметниците Жанета Гелевска и Ирина Гапковска. Има реализирано две самостојни изложби и учествувано на повеќе групни изложби. Неодамна беше и една од учесничките во Велешката Ликовна колонија „Папрадишки мајстори 2017“.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ