Во организација на Стрип центарот на Македонија-Велес вечерва во Ликовниот салон во Велес ќе започне 15-от Меѓународен стрип салон „Велес 2017“.
Како што информира Томе Трајков од СЦМ-Велес, на свеченото отварање ќе биде отвоерна изложба на дел од пристигнатите 192 стрип дела од цел свет. Воедно ќе се додели Годишното признание за развој и афирмацијата на македонскиот стрип како и награди и дипломи по мегународниот стрип конкурс.
Наградата „Златен стрип“ за 2017 ќе им се додели на Фран Струкан и Дарко Мацан од Хрватска, како и наградите за освоено второ и трето место и останатите награди и признанија.
Трајков информира дека работниот дел од овогодинешниот стрип салон ќе се одржи утре со предавање на тема „Стрипот и општеството“, од страна на Зоран Стефановиќ, стрип теоретичар од Белград.
Воедно ќе се одржи и практична стрип работилница од страна на професорот Владимир Весовиќ од Белград.
Од Стрип Центарот на Македонија-Велес ги покануваат сите љубителите на стрипот и стрип уметноста вечерва и утре да дојдат и да се вклучат во работата на годинашниот Меѓународен стрип салон 2017.