Во Уметничката Галерија, изложба на дела од ликовната колонија „Куманово“

Од:

Во Изложбениот салон на Уметничката галерија при НУ Музеј Куманово вечерва ќе биде отворена изложбата на дела од ликовната колонија „Куманово“, од продукцијата 2016/2017, информираа денеска од нациоанлната установа. На изложбата ќе бидат презентирани 50 дела од 27 автори, работени во различни техники.
НУ Музеј Куманово, е организатор на колонијата која се реализира со поддршка Министерството за култура и градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Изложбата е традиционална и неколку децении континуирано ги презентира делата создадени во прекрасниот амбиент на Меморијалниот комплекс на АСНОМ, каде секоја година се одржува ликовната колонија Куманово. Колонијата опстојува веќе пет децении од 1974 година со што се потврдува долгогодишната истрајност и ентузијазмот во опстојувањето на ликовната колонија „Куманово“, која се вбројува во редот на најстарите колонии во Македонија.

На годинешнава колонија учествуваа ликовни уметници од Франција, Романија, Србија Бугарија, Турција и Македонија.

Изложбата за сите љубители на уметноста ќе биде отворена до 20 јуни 2018 година.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска