Во Трпејца од 20 до 28 јули културно-забавна манифестација „На зајдисонце“

Од:

Селото Трпејца на источниот брег на Охридското Езеро и оваа година ја организира културно-забавната манифестација „На зајдисонце“, осмислена да се привлече вниманието на туристите да ја посетат таа позната туристичка наслеба, а истовремено да се задржи вниманието на оние гости кои години наназад доаѓаат тука во летниот период.

Манифестацијата што ќе се одржува од 20. јули па во текот на наредните осум дена, предвидува бесплатни приредби и активности интересни за сите генерации.

Оваа година покрај редовните содржини во рамки на „На зајдисонце“ ќе биде отворена изложбата „Далеку, а блиску“ од авторите Рома и Лука Фрашчек од Полска, на која ќе бидат презентирани фотографиите од Трпејца, Охрид и Македонија, исто како и фотографиите од родната Полска што младите сопружници ги направиле минатата година.

– Идејата за ваква изложба се роди за време на нашиот престој во Трпејца. Под влијание на убавините на ова мало место одлучивме да подготвиме изложба на нашите фотографии. На овој начин сакаме да прикажеме дека навидум различните и далечни места се невообичаено, зачудувачки слични во многу аспекти, велат сопружниците Фрашчек.

Инаку, и оваа година во Трпејца ќе има „Вечерна променада“, во чии рамки ученици на  ОМУ „Методи Патче“ ќе настапуваат во кајче по езерото, во два термини во денот.

На сцената „Кај бунарот“ ќе биде прикажан документарниот запис „Вака некогаш се ловеше во Трпејца“ од Хилда Кондовска. Ќе следи настап на женската пеачка група при Здружението на пензионери од Охрид. Мини концерт под наслов „Црвени рози“ ќе има познатиот Томислав Маниќ, а ќе настапи и ансамблот „Билјана“.

„На зајдисонце“ и оваа година ќе ги има и веќе прифатените содржини – бесплатните школи за англиски јазик,  шах и пливање за најмладите. Ова издание најверојатно ќе се памети по креативните работилници за оригами и изработка на уметнички композиции во чија основа ќе бидат бисерните камчиња од Трпејца.

Во соработка со Црвен крст – Охрид и Националниот парк „Галичица“ организаторите предвидоа презентација на „Спасување на вода“ и прошетка по патеката „Чоколско“. И годинава ќе се фаќаат рипчиња на јадица  и ќе се подготвува чорба од риба, а ќе се одржи и Кајакарската регата „Номче Митрески“.

Во соработка со Кинотека на Македонија ќе биде прикажан и филмот „Мис Стон“. Филмот делумно е сниман во Трпејца, а на времето речиси сите жители на селото биле статисти во него.

Покровител на манифестацијата и годинава е Општина Охрид. Свој удел во манифестација покрај Здружението, Месната заедница и Црковниот одбор имаат и спонзорите и поддржувачите  претежно од Охрид и Трпејца.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице