Институт за развој на креативниот и иновативниот потенцијал кај млади и возрасни луѓе „Креативна Македонија“ – Скопје го организира проектот „Креативноста на дело“. Станува збор за летна школа која се состои од шест онлајн работилници (фимо, везење, плетење, цртање, срма и ќостек) водени од докажани занаетчии.
Промотивната кампања за проектот „Креативноста на дело“ е поддржана од Град Скопје, а спонзори се Еснаф, PrimePoint Partners, Staedler.
– Ова е одлична можност за активно и квалитетно искористување на слободното време, но и за стекнување нови заења и вештини со кои ќе можете да креирате ваш бренд, самовработување и можност за одржлив професионален ангажман, соопшти организаторот.
Работилниците ќе бидат онлајн и ќе се реализираат во јули годинава, а крајниот рок за пријавување е 30 јуни. Сите заитересирани можат да се пријават на следниот линк: https://forms.gle/