Во тек е конзервација на бедемот на Баргала кај Штип

Од:

Со финансиска поддршка од Министерството за култура, во тек е конзервацијата на бедемот на еден од најрепрезентативните археолошки локалитети во Македонија, Баргала кај Штип. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип интензивно работат на конзервација на 210-метарскиот североисточен бедем на овој значаен археолошки локалитет кој датира од четвртиот до шестиот век. Според предвидениот план, во тек е конзервацијата на четвртата делница од бедемот со должина од 22 метра.

Минатата година заврши третата фаза од конзервацијата, а беа конзервирани и реставрирани неколку важни наоди, меѓу кои и печки за стакло и за метал. Со реализацијата на проектот за конзервација на североисточниот бедем, ќе се овозможи зголемена репрезентативност на локалитетот, како и поголема посетеност од страна на домашни и странски посетители.

Археолозите од штипскиот музеј во моментов работат на други проекти, меѓу кои се и: истражување на објектот кој служел за верски обреди – екстрамурос, кој се наоѓа надвор од ѕидините на локалитетот Баргала; конзервација на 30 икони од црквата „Усление на Пресвета Богородица“ каде што ќе се етаблира нова галериска поставка на икони, како и издавање на повеќе публикации од етнологија, историја и историја на уметноста,  соопшти Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска