Во тек е конкурсот за стипендии за филмска уметност во Прага

Од:

Во тек е конкурс за доделување две стипендии за студии од прв циклус и три за студии од втор циклус од областа на филмската уметност, која е од посебно научно, образовно значење за Република Македонија, на Film Academy of Performing Art (FAMU) во Прага, Република Чешка.

Стипендиите се наменети за македонските граѓани, за академската 2015/2016 година, а ги обезбедува Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Министерството соопшти дека подетални информации за условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги обезбедат на специјализираниот интернет портал за доделување стипендии на www.stipendii.mon.gov.mk.

Крајниот рок за доставување на документите до Министерството, на ул.„Св. Кирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје, е 20 август 2015 година, додека ранг листата со избраните кандидати ќе биде објавена на 1 септември, на веб страницата www.mon.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ