Во Струга отворено ателје на Флорасцентизам

Од:

Меѓународната уметница Лида Шерафатманд и струшкиот уметник Милко Нестороски денеска во Струга отворија ателје на Флорасцентизам и го промовираа колективот на „Флорасцентистичка пролет“ составен од млади светски уметници.

„Флоресцентистичката пролет“, според Шерафатманд, која е и еден од иницијаторите за нејзино формирање, има за цел да ја претстави новата генерација уметници во услови на пандемија. Поради неможноста за собири, уметничкиот колектив своите дела ќе ги прикаже денеска на својата прва изложба на социјалната мрежа инстаграм.

– Флоресцентизмот е користење на позитивна синергија при уметничкото креирање за општа корист. Оваа нова генерација уметници ги истражува експресиите на топлина, грижа и убавина. Филозофијата на нашиот Манифест ја отсликува вредноста на позитивност на една цела нова генерација, вели Шерафатманд.

Со спротивставување на Ковид ерата преку уметност и самосвесност, според Нестороски, колективот сака да понуди засолниште од, како што рече, лудиот свет и регенерација на човековото битие преку својата уметност.

– Сметаме дека современата уметност прерасна во хаос од уништување и негативност. Со користење на новото флоресцентичко движење, сакаме да го избалансираме хаосот со понапредни експресии на топлина и грижа, изјави Нестороски.

Посетителите на ателјето, како што информира Шерафатманд, ќе имаат можност да учествуваат во работилници за медитација.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска