Во српското книжевно списание „Sent” објавена новела на Османли

Од:

Во српското книжевно списание „Sent” објавена е новелата „Свадба на Дорќол“ на Томислав Османли. Новелата на македонскиот автор го отвора блокот прозни објави на тробројот на српското книжевно списание.

Станува збор за поопсежен прозен запис која е дел од книгата на Османли „Светилка за Ханука“ (на македонски објавена во книгоиздателставата „Форум“, 2008 и во „Икона“, 2014) за којашто, инаку, авторот Османли стана лауреат на наградата „Мајстор на прозата“.

Во одново објавената повест во која низ живописни боења и перипетии гради меланхолична приказна на карактери и ситуации, посветена на необична свадба на двајца пристарени еврејски младенци од белградски Дорќол, од времето пред и по избувнувањето Втората светска војната…

Списанието за литература, уметност и култура „Sent“ кое веќе 15 години се појавува во Нови Пазар, а го уредува истакнатиот книжевник Енес Халиловиќ, повеќекратно наградуван автор кој деновиниве го доби и високото литературно признание наградата „Меша Слимовиќ“.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ