Во среда комеморација во чест на маестро Ѓумар

Од:

Во среда, на 18 јануари со почеток од 11 часот во Македонската опера и балет ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатиот Саша Николовски Ѓумар.

Посмртните останки на маестро Ѓумар, ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта „Бутел“ од 13 часот, а погребот ќе се одржи во 14 часот.

Диригентот и музички педагог Саша Николовски – Ѓумар е роден во Битола во 1966 година. По завршувањето на средното образование се запишува на Електротехничкиот факултет во Скопје, но го напушта за да се занимава со музика. Се запишува на Факултетот за музичка уметност на отсекот за музичка теорија и педагогија и дипломира како најдобар студент на генерацијата. За време на овие студии, се запишува и на отсекот композиција и диригирање каде дипломира со највисоки почести, диригирајќи ја Вердиевата опера „Травијата“ во Македонската опера и балет. За време на студиите работи како диригент со хорот и оркестарот на Факултетот за музичка уметност, Симфонискиот оркестар на РТ Сараево и академскиот хор „Мирче Ацев“. По дипломирањето волонтера во Македонската филхармонија и им асистира на диригентите Ванчо Чавдарски и Александар Лековски во МОБ. Од 1993 Саша Николовски е музички директор на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија и е шеф–диригент на Младинскиот камерен оркестар, диригирајќи бројни изведби на „Охридско лето“ и „Скопско лето“.

Николовски настапувал на многу сцени во Унгарија, Романија, Бугарија, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Од 1998 на Факултетот за музичка уметност предаваше хорско и оркестарско диригирање, Оперско студио и група предмети од областа на диригирањето. Беше омилен и кај популарните изведувачи, а особено ќе се паметат концертите со Синтезис и Тоше Проески, Каролина и други.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска