Во Софија изложба „Трансформација“ на македонскиот скулптор Жарко Башески

Од:

Во софиската галерија „Париз-Москва“ синоќа беше отворена изложбата „Трансформација“ од македонскиот скулптор Жарко Башески.

Авторот се претстави со три скулптури кои предизвикаа изклучителен интерес и внимание од публиката во Софија. „Обичниот човек“, „Автопортретот“  и најновото дело „Езекил 2“, ликовната критика во Бугарија смета дека се вистинско откритие и нешто сосема ново од уметничкиот правец хипереализам, кој Башевски го негува со посебен сенс и умешност, информираат од Културно-информативниот центар на Македонија.

Жарко Башески и неговите дела беа претставени од уметничките директори на софиската галерија Момчил Трајков и Јулија Савова, а изложбата ја прогласи за отворена директорот на македонскиот културно-информативен центар Васко Шутаров.

Изложбата „Трансформација“ беше реализирана во соработка со Музејот на современа уметност од Скопје и ќе биде поставена до 5 октомври.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска