Афоризмите и карикатурата се маргинализирани уметности, ова е заедничкиот став на Методи Андонов, Ацо Георгиев и Јане Атанасов, кои денеска беа дел од настанот Денови на маргинализирани уметности, организирани од страна на Здружението на граѓани „Медиа плус“ – Штип.
Со затворање на весници и афористичарите и карикатуристите своите дела мора да ги објавуваат на социјалните мрежи или пак да се снаоѓаат и да ги објавуваат во свои книги или зборници.
– На социјалните мрежи каде што ги објавуваме афоризмите има свои предности, но и слабости. Мора да се бориме со текот на времето. Потребна е поголема поддршка за овие видови на уметности и ние навистина се трудиме, вели Ѓеоргиев.
Јане Атанасов афористичар забележува дека оваа уметност се наоѓа на жално ниво.
– Стеснет е просторот, каде што можеме да ги објавуваме нашите афоризми, на времето постоеја весници, рубрики, специјални емисии на телевизии на националните, па и на локалните, каде што можеше да се пројде со нашите дела, вели Атанасов.
Целта на Денови на магинализираните уметности е да се промовираат старирата, афоризмите и карикатурите во Штип и Струмица, а е дел и од проектот „Нов културен бран на Министерството за култура.