Во Штип отворена првата изложба „Писатели-Сликари“

Од:

Во фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип денеска беше отворена првата државна изложба насловена „Писатели-Сликари“.

Посетителите можа да ги видат делата на шестмина автори, кои се и писатели, но и кои интензивно сликаат. Станува збор за делата на Љубомир Донски од Штип, Велко Неделковски од Скопје, Јордан Ѓорчев од Свети Николе, Христо Петрески од Скопје, Трајче Кацаров и Нада Накова од Штип. Христо Петрески кој е иницијаторот на првата ваква изложба во земјава забележува дека во уметностите се многу тенки границите, дури и невидливи, односно смета дека сите уметности се надополнуваат, се проткајуваат, па и се синтетизираат. Петрески неколку години наназад ги мотивар писателите, актерите и музичарите да почнат со сликањето.

– Можам веќе сега да кажам дека поголем број на писатели, после таа моја иницијатива веќе сликаат и тој број на писатели – сликари секојдневно се зголемува. Веднаш да кажам јас нив ги анимирам и ги поканувам и еве во Штип денеска се случува првата изложба на шест автори, вели Петревски.

Писателите и сликарите Нада Накова и Јордан Ѓорчев забележуваат дека и пишувањето и сликањето си имаат свои убавини.

– Јас токму сега кога требаше да изберам песна со која ќе настапам, бирав песна која ќе создаде кај слушателот слика, а кога цртам настојувам гледачот да може да ја прочита сликата, вели Накова.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски