Во Штип изложба на дела од Лесновската ликовна колонија

Од:

Над 20 уметнички дела со мотив убавините на Лесново и Лесновскиот манастир од денеска се изложени во фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип.

Марија Трајчева директор на Домот на културата во Пробиштип, која денеска присуствуваше на отварањето на изложбата, истакна дека оваа поставка е дел од 26-та по ред Лесновска ликовна колонија, на која учествуваа 18 ликовни уметници, меѓу кои и сликари од Бугарија и Русија.

Таа најави дека во тек се интензивните подготовки за Лесновската ликовна колонија 2018, која ќе се одржи од 5. јуни до 1. јули. Во живописното село Лесново ќе творат уметници од Македонија, Русија, Англија, Бугарија и од Србија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска