Во Самобор одбележани осум децении од печатењето на „Бели Мугри“

Од:

„Рацин како занаетчија-претприемач, иноватор и културен деец“ и „Влијанието на ‘Бели Мугри’ врз воспитно-образовниот процес на Македонците“ беа насловите на двата тематски разгледа што се одржаа во Самобор, Хрватска, по повод 80 години од печатењето и објавувањето на книгата „Бели Мугри“ од Кочо Рацин.

На тркалезната маса беа изнесени истражувањата на „Бели Мугри“. Проф. Димитар Пандев се осврна на влијанието врз формирањето на македонскиот литературен јазик и неговото изучување, проф. Ѓорѓи Филипов на историско-преродбенските влијанија и процеси, проф. Љубомир Кекеновски зборуваше од социо-економски и иновативен аспект, правејќи компоративна анализа меѓу Никола Тесла и Рацин, додека за економско-развојните и стучно-образовните аспекти во „Бели Мугри“ говореше проф. Љубомир Ракиџиев.

Во чест на Рацин, доректорот на Државната агенција за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски го промовираше грнчарскиот афион за туристички сувенир од регионот на Велес, како оргинално мајсторско дело со поетски запис од Љубомир Ракиџиев и Ристо Муртев.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот