Во САД откриени досега непознати скици на Пол Сезан

Од:

Две скици на францускиот постимпресионист Пол Сезан се откриени на задната страна на два негови акварела, што се изложени во музејот на Фондацијата „Барнс“ во Филаделфија, во американската сојузна држава Пенсилванија, пренесоа агенцијата ТАСС и американските медиуми.

За постоењето на скиците најверојатно не знаел ниту нивниот сопственик колекционер.

Едната скица е графика, а другата – акварел. Тие биле откриени за време на реставрација на двете слики на Сезан, кои обработувале пејсажи од јужна Франција, соопштија од музејот.

Скиците не биле видени со  човечко око речиси од почетокот на 20-от век, „најверојатно пред д-р Алберт Барнс да ги купи сликите„ во 1921 година, посочија од музејот.

Досега непознатите скици на Сезан во април и мај ќе бидат изложени во рамки со две лица, пред да бидат вратени на нивните оригинални места.

Колекцијата на Фонданцијата „Барнс“ соддржи 69 дела на Сезан, над 180 платна на Пјер-Огист Реноар, како и слики на  Анри Матис, Пабло Пикасо, Амедео Модиљани, Едгар Дега, Клод Моне и други познати мајстори.

Едно од платната на Пол Сезан – „Картаџии“ (1892-1893) до пред извесно време беше најскапото уметничко дело во целиот свет. Во 2011 година сликата беше купена од кралското семејство на Катар за 250 милиони долари. Но, на почетокот на оваа година сликата на Пол Гоген „Nafea Faa Ipoipo“ (Кога ќе се омажиш?) беше продадена за 300 милиони долари и стана најскапата слика. Платното на Гоген, исто така, наскоро ќе замине за Катар, бидејќи беше купено од организацијата „Катар мјузеумс“ (Qatar Museums), која за емиратот ги купува светските уметнички дела.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска