Во рамки на „Охридско лето“ изложба на уметнички фотографии на Зоран Велјаноски – Летра

Од:

Во рамки на програмскиот дел на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во просториите на дирекцијата на фестивалот ќе биде отворена изложба на фотографии под наслов „Носталгија во црно-бели рамки“ на охридскиот фотограф Зоран Велјаноски-Летра.

Како што појасни самиот уметник, станува збор за негова 16 самостојна изложба, на која ќе бидат поставени 33 фотографии во црно-бела техника, со носталгични, меланхолични, лирични моменти.

– После шест години повторно ќе ги изложам моите дела тука во Охрид, а токму десет години во рамки на „Охридско лето“. Оваа изложба ми е една од најдрагите, бидејќи фотографиите што ќе бидат поставени овојпат сум ги работел подолг период од некои пет-шест години, изјави Летра.

Сите фотографии од поставката се изработени на филмска техника, снимани на класичен начин со негатив, од егзотични места од целиот свет каде имал можност Летра да престојува, како Токио, Пекинг, Прага, Париз, Порто, Њујорк итн.

Иако охриѓанец, повеќето од своите изложби Летра ги имал токму надвор од градот, во странство.

Зоран Вељаноски – Летра е роден на 31 јули 1965 година во Охрид, Македонија. Со фотографија се занимава од најрана возраст. Високо образование завршил на Филмската Академија ЕСРА – Париз – Скопје – Њујорк, на Факултетот за сценски дизајн, катедра Фотографија. Магистерските студии ги продолжува на Институтот за Фотографија во Њујорк. Член е на претседателството на Фото-сојузот на Македонија.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма