Во Прилеп отворена изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западен Балкан“

Од:

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска беше отворена изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западен Балкан“ што Центарот ја реализираше во соработка со Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и „Центропа.

На отворањето на изложбата се обратија в.д. директорот на Центарот за култура, Менче Караџоска, претставниците од Музејот на холокаустот, Маја Суша и Даниела Штерјова од „Центропа“.

Беше посочено дека изложбата, чиј куратор е Едвард Серота, директор на „Центропа“, преку фотографии, текстови, пренесува пет еврејски приказни од Сплит, Дубровник, Белград, Битола и од Сараево, а е дизајнирана во 2017 година.

Отворањето беше збогатено со настап на академските музичари Ана Митоска, Горан Дукоски и Христијан Ристески, кои исполнија сефардски композиции, како и со претставувањето на учениците Марија Стојческа и Михаил Јагуриноски.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска