Во Прилеп отворена изложбата „Дали и ти си мигрант?“

Од:

Во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва е отворена изложбата со впечатлив наслов „Дали и ти си мигрант“. Низ фотографии, скици, размислувања, писма, факти и низ цртежи се раскажани лични приказни на пет прилепски уметници за семејствата кои мигрирале, доброволно, присилно, од економски или лични причини.

Идејата е на ликовниот уметник Дарко Талески кој вели дека ја добил кога била мигрантската криза.

-Идејата се роди пред три години кога низ Македонија транзитно поминуваа мигрантите. Тогаш направив и кратко видео „Цртеж на кожа“ со порака дека мора нешто да се промени. Тоа видео беше прикажано во Музејот на современа уметност во Тајван. По три години добив можност, поддржан од Министерството за култура, да ја отворам оваа изложба. Сакав да ја доближам таа приказна, почнувајќи од личните приказни на пет прилепски автори меѓу кои и јас. Вклучени се приказните на Васко Костов чие семејство мигрирало од Егејска Македонија, мојата семејна приказна од 19 век за мигрирањето од Македонија во Бугарија, на Ферди Булут чии предци во 50-ите години од минатиот век заминале во Турција, на Јасмина Рунеска и на лепа Милошеска, рече Талески.

Уметникот ферди Булут вели дека се сеќава на кажувањата на дедо му.

– Приказните на дедо ми раскажуваа како цели семејства во 50-ите години од Македонија заминуваа во Турција, со возови, плачеле што се оставале овде, било потресно. Заминувале доброволно, но тешкотиите потоа доаѓале. Не помислив дека сите овие писма изложени и фотографии толку ќе ме потресат, рече Булут.

За Јасмина Рунеска потешко им е на тие што остануваат, а мигрирањата може да бидат и филозофски.

– Мислам дека најтешко им е на тие што остануваат, што вечно се осудени на чекање дали ќе се вратат тие што заминале. Но како уметник често се чувствуваме и далечни од просторот, од постењето, вели Рунеска.

Лепа Милошеска ги испратила најблиските во Америка. Тие доброволно заминале по подобар живот, но тоа заминување од Македониај треба да се запре.

– Доста е со заминувањата. Се слушам со моите блиски секојдневно, добро им е, но болно е. Треба да се преземе нешто, да се стопира сето ова заминување. Не е само економската причина, туку тие што заминуваат го чувствуваат притисокот овде, вели Милошеска.

Според публиката која ја проследи изложбата секој може да се пронајде во улогата на мигрант.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски