Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“

Од:

Со вкусна скара, пенлив пијалок, гости од земјава и странство и во добро расположение со познати музички ѕвезди во Прилеп синоќа е отворен тридневниот традиционален летен фестивал „Пивофест“.

На петнаесетина штандови во центарот на Прилеп и со производи на познатиот пенлив пијалак на шест пиварници од земјава и регионот, бројните посетители ја одржуваат летната забава.

Прилепскиот скараџија Златко Петрески уверува дека има многу гости, викендот се очекуваат повеќе и се нуди вкусна скара.

-Имаме многу гости одсекаде. Од земјава и странство. Вкусуваат, бараат прилепска скара, се враќаат по вторпат, вели насмеано и расположено Петрески од еден од штандовите на „Пивофест“.

Пилепчанио сакаат традиција од повеќе од две децении да продолжи зашто градот е препознатлив по фестивалот.

Христијан Тунески, дел од организацијата смета дека забавата ја обезбедуваат сите, и домажините и гостите, познати музички имиња.

-Имаме добра музичка забава. Радост е да се знае дека понудивме фестивал добро организиран кој го враќа сјајот на манифестацијата на која прилепчани се горди. Има петнаесетина штандови, производи од шест пиварници од земјава и Регионот. За забавата се грижат домашните и музичките имиња од соседството. Летово фестивалот е вистинскса радост, вели Тунески.

Прилепската локална самоуправа финансиски го поддржа „Пивофест“ со еден милион денари. А логистички работат сите јавни комунални претпријатија да обезбедаст чистота, паркинг простор и безбедност. Фестивалот носи и економски бенефит.

-Фестивалот не само што обезбедува радост, уживање во добра храна и пенлив пијалак, туку и работа за локалните стопанственици. Работното време е продолжено, рестораните и градот се преполни со гости, рече на официјалното отворање на „Пивофест“ прилепскиот градоначаслник Борче Јовчески.

Организаторите најавија богати содржини сите три фесативалски дена: различни пива од домашни и странски брендови, музика во живо и DJ сетови, фестивалско мени и пивски коктели, натпревари, квизови и дегустации, семејна зона со детска програма и маскоти.

Управата за јавни приходи пред почетокот на Фестивалот одржа средба со стропанствениците и угостителите потсетувајќи да се почитуваат законите и да се издаваат фискални сметки.

„Пивофест“ се одржува до недела.

Би можело да ве интересира

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво

Поетроника, интервју со Митковски и Салпе: Идејата е авангардата да ја направиме мејнстрим

Вечерва официјално се затвори МТФ Денови на комедија Куманово 2025 при што се доделија и наградите

Предраг Петровиќ

Објавен е регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година.

Предраг Петровиќ

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ вечерва го затвора 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Боите на фолклорот на Јуруците за мене како кинематографер беа највпечатливи, рече Наум Доксевски