Во НУБ дигитална изложба по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

Од:

Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ – Скопје, денеска во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески ќе ја постави дигитална изложба со мултимедијални содржини, насловена „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ на  нејзината и на веб-страницата на Дигиталната библиотека на РСМ – www.nubsk.edu.mk и www.dlib.mk.

Изложбата содржи селектиран материјал од општиот фонд и од специјалните збирки на НУБ „Св. Климент Охридски“: објавени дела од Блаже Конески и од други автори за Конески, преводи на негови дела на други јазици и негови преводи од други автори, оригинални ракописи од авторот, фотографии, музички ракописи и печатени партитури од реномирани македонски композитори инспирирани од богатиот книжевен опус на Конески, снимки од негови искажувања, стихови и др.

-Целта на дигиталната изложба е поширока презентација на Конески и приближување на неговата поезија, проза, стручните дела и ликот во целина до јавноста, како и поттикнување на нови идеи за истражување на неговиот богат и разновиден опус. Со претставените содржини се истакнува неговата значајна основоположничка улога за современиот македонски јазик, како и неговите креативни достигнувања и остварувања, велат од НУБ.

Претходно, НУБ „Св. Климент Охридски“ подготви и патувачка изложба на плакати, односно на паноа, со истиот наслов „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“, која веќе беше поставена низ нашата држава во рамки на неколку настани што се одржаа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово, Манифестацијата „Рацинови средби“ во Велес, Гимназијата „Никола Карев“ во Скопје и во Институтот за македонска литература, а следниот месец ќе биде поставена и во рамки на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“.

Исто така, во чест 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески е планирано во декември 2021 година да се постави и физичка изложба на библиотечни материјали од фондот на НУБ „Св. Климент Охридски“ во витрини, која ќе биде придружена со аудио и видео материјали. 

Би можело да ве интересира

Поетско читање во Прилеп по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Ана Ололовска

Сто години од раѓањето на Блаже Конески во Кинотека – кратки документарни филмови и откривање на мурал во чест на великанот

Заврши 54. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

Ана Ололовска

Тркалезна маса „Блаже Конески во наставата по македонски јазик, литература и култура на странските универзитети“

Ана Ололовска

Драмски театар – Скопје со омаж под наслов „#Драмски за Конески“ ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески

Ана Ололовска

Виртуелна промоција на зборникот „Конески на 11 јазици“

Ана Ололовска