Во МНТ се подготвува „Случајот Елсинор“ на Љубиша Георгиевски

Од:

Македонскиот народен театар ја почнува сезоната со големиот проект „Случајот Елсинор“ по текст и режија на Љубиша Георгиевски. Премиерата се очекува за два до три месеци, а се уште не е утврдено дали ќе биде изведена во стариот или во новиот театар.

Директорот на МНТ Дејан Лилиќ на денешната прес-конференција рече дека Љубиша Георгиевски зад кого има 55-годишно творештво, е можеби најавангардниот режисер во Македонија, кој има направено 165 претстави во својата кариера, а десетина му биле забранети.

Георгиевски, кој по политичкиот ангажмани се враќа во театарот, рече дека во пиесата „Случајот Елсинор“, која е ревизија на шекспировата пиеса „Хамлет“, се случуваат многу чудни нешта кои не се објаснети.

– Мојата пиеса е форензичка анализа на тоа како толку луѓе умираат во „Хамлет“, кој умира од кашлица, од белодробно воспаление… Има различна загонетна смрт и во мојата пиеса, во драматуршки стил на Агата Кристи, напишана како рашомонијада, и сака форензичко расветлување, кој и како починал, истакна Георгиевски. Додаде дека оваа пиеса е 165-та во неговото творештво, а според некои 167.

Тој посочи дека „Случајот Елсинор“ ќе биде исклучително едноставна во техничка смисла, претставата е скромна и не чини многу.

Во неа играат Владо Јовановски, Јордан Симонов, Ѓорѓи Јолевски, Борче Начев, Магдалена Ризова-Черних, Горазд Цветковски, Александар Ѓеоргиевски, Емил Рубен, Ирена Ристиќ, Искра Ветерова, Дарја Ризова, Никола Ацески, Александар Микиќ, Арна Шијак, Славиша Кајевски…
Сценографиајта е на Мери Георгиевска, костимографијата на Никола Ефтимов, а првпат како асистент на режија се јавува Изабела Новотни.

Дејан Лилиќ информира дека во МНТ во тек се пробите и за „Вечната куќа“. – Наскоро ќе биде и тој проект. Имаме актерска и техничка сила да поддржиме уште едена ваков голем проект, значаен и за нашата куќа, потенцира Лилиќ.

Би можело да ве интересира

Премиера на претставата за деца „Жива досада“ во МНТ

Овации и долгостоечки аплауз за актерската елита од Македонија во Народно позориште, Сараево

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

А1он

Премиерата на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ ќе биде на 13 ноември

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ

МНТ ги откажува сите изведби до 22 март, поради трагедијата во Кочани