Во Македонија се одбележува словенечкиот празник на културата

Од:

 По повод одбележувањето на 8 февруари – словенечкиот празник на културата, Амбасадата на Словенија во Македонија вечер во Матица Ексклузив ќе го презентира преводот на поезија „Песни за љубовта и болката“ од словенечкиот поет Цирил Злобец, во препев на македонски јазик на Матеја Матевски.

Цирил Злобец е словенечки поет, писател, преведувач, новинар и бивш политичар, роден во 1925 година. Негова преокупација е поезијата. Добитник е на повеќе награди. Во 1965 година ја прими наградата од Прешерновата фондација, а во 1982 година Голема Прешернова награда за збирка на поезии „Глас“. Злобец е член на четири академии на науките и уметностите, на Словенечката, Европската, Медитеранската и на Хрватската академија на науките и уметностите.

Во рамки на одбележувањето, ќе биде отворена изложба на фотографии „Да ја фотографираме Словенија“ во организација на порталот Picture Slovenia и Примож Жижек.

На отворањето најавено е обраќање на словенечкиот амбасадор Бранко Раковец, директорот на Матица Раде Силјан,, поетот и литературен критичар Матеја Матевски и организаторот на фотографската изложба Примож Жижек.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје