Во Кумановски театар гостува ФДУ

Од:

Денот на театарот, 27-ми март, Кумановскиот театар ќе го одбележи со тридневно гостување на Факултетот за драмски уметности. Вечерва на програмата е испитната вежба по режија „Тетоважа роза“ од Тенеси Вилијамс на кумановскиот студент Милош Б. Андоновски.

Утре кумановци ќе можат да ја погледнат „Досие копче“, од класата на професорката Мими Таневска и Нела Витошевиќ.

Во петок игра „Птиците што живот значат“ од класата на профорот Владо Цветановски и професорката Таневска. Сите претстави кумановчани ќе можат да ги пратат од 20 часот.
Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Болна е обвинетата градежна инспекторка од Куманово, судот денес ја одложи расправата

Градежна инспекторка од општина Куманово заработи кривична пријава од МВР

Кумановец заработи пријава: Со остар предмет сакал да убие познаник

Девојче е првото бебе во Куманово

Адвокатите на починатата родилка од Куманово откриле недоследности во државните извештаи

Горан Наумовски