Во Куманово од 25 август 13. Меѓународен тамбурашки фестивал

Од:

Во поранешниот „Касапски круг“ во Куманово, во петок и сабота, ќе се одржи 13-тиот Меѓународен тамбурашки фестивал на кој ќе учествуваат оркестри од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Унгарија, најавија на денешната прес конференција, градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски и уметничкиот директор на фестивалот, Нино Величковски.

На првата вечер ќе настапат „Наши Тамбураши“ заедно со вокалните солисти Сандра Милковска и Нино Величковски, оркестрот „Тамбураториум“ од Панчево, Република Србија и победниците на „Тамбурица фест“, оркестарот „Д7“ со Душан Свилар, кои повеќе од час и половина ќе ја забавуваат кумановската и публиката од соседните градови кои доаѓаат да го проследат фестивалот.

На втората фестивалска вечер, соопшти уметничкиот директор, Нино Величковски, ќе настапат „Кратовски тамбураши“ и окрестрите „Дунавкиње “ од Унгарија, „Беќаруше“, женски тамбурашки орекстар од Хрватска, а фестивалот ќе биде затворен со настап на „ Пљевља“ од Црна Гора со вокалните солисти Нина Стругар и Мугдин Мухановиќ.

Величковски се заблагодари на поддршката од градоначалникот, Советот на општина Куманово и Министерството за култура и изрази надеж дека овој бренд во Куманово ќе продолжи и во иднина.

Општината за одржување на Фестивалот одвојува 400.000 денари. Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, изјави дека оваа година фестивалот наместо на градскиот плоштад ќе се одржи во поранешниот „Касапски круг“, култно место за кумановци, каде има поголем број на угостителски објекти кои со својата понуда ќе ја надополнат како целина атмосферата на фестивалот. Причината за менување на локацијата, според Дамјановски е и помалиот број посетители на изминативе два фестивала во однос на претходните и незаинтересираноста од страна на угостителските субјекти да опслужат поголем простор како што е плоштадот.

– Тука има повеќе угостители субјекти, така што го споивме нивниот интерес и нашата желба за успешна реализација на овој проект, изјави Дамјановски, истакнувајќи дека за реализација на овој фестивал не се вклучиле угостителските субјекти од градот.

Тој ги покани кумановци да го проследат фестивалот и нагласи дека е многу значаен.

– Овој тип на музицирање е специфичен, многу значаен за етно ризницата на Македонија и регионот, бидејќи ја негува традиционалната македонска песна, додаде Дамјановски.

Влезот за сите граѓани е слободен, а фестивалските вечери започнуваат од 20.30 часот.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски