Во Куманово летен саем на книгата

Од:

Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ во соработка со издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, цо Куманово организираат летен саем на книгата кој трае од денеска до четврток.

На саемот кумановци ќе можат да се снабдат со најбараните наслови во летниот период со специјални летни намалувања и саемски попусти. Читателите имаа можност да одберат и летните пакети книги од „Антолог“ по различни цени.

– Летниот саем на книгата во Куманово е одлична можност за љубителите на книгата да ги збогатат своите домашни библиотеки, но и да купат книги за годишните одмории. Љубовни, историски и семејни романи, трилери, класици, хумор, поезија и широк избор на книги за деца саемот нуди наслови за сите генерации и вкусови, изјави Марјан Петковски, директор на кумановската библиотека.

Тој додаде дека секоја година ќе се организираат вакви саеми на книги со различни издавачки куќи.

– Достапни се 70-тина наслови од најновата продукција на издавачката куќа.Имаме и бестселери на Њујорк Тамјс,најбарана во моментов е „Трач“ од Елин Хилдербранд,се бараат трилери, љубовни романи,класици, изјави Жарко Кујунџиски, уредник во издавачката куќа „Антолог“.

Би можело да ве интересира

Денес на Саем: Средба со Иван Антоновски и „Идентитетот е приказна“ – најбараната книга на „Полица“ во 2022 година

Ана Ололовска

Државниот архив ќе учествува на 35. Саем на книгата

Ана Ололовска

Од денеска почнува Саемот на книга, се очекуваат над 30 илјади посетители

Ана Ололовска

Саем на книга од 4 до 10 мај: понуди на издавачките куќи и промоција на читањето

Горан Наумовски

Саемот на книга започнува на 3. мај

Ана Ололовска

Турција учесник на претстојниот Саем на книга