Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово вечер ќе биде отворена изложба од 53-та Меѓународна Струмичка ликовна колонија. Оваа ликовна колонија со долгогодишна традиција ја организира НУ Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица.
Кумановци ќе имаат можност да разгледаат дела од 21 уметници од Србија, Македонија, Полска, Русија и Германија. Публиката ќе има можност да разгледа триесетина дела.
– Станува збор за мошне богата ликовна колонија и ние се трудиме сите изданија да ги презнетираме пред кумановската јавност, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност од кумановскиот Центар за култура.
Струмичката ликовна колонија е една од најстарите ликовни колонии во државата и освен сликарство практикува и автори кои работат мозаици. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 24 мај.