Во Куманово изложба на дела од 27-та Меѓународна ликовна колонија „Лесново 2018“

Од:

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од 27-та Меѓународна ликовна колонија „Лесново 2018“.

Изложбата, соопштија денеска одговорните од кумановскиот Центар за култура, се реализира во соработка со Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип која заедно со општина Пробиштип е организатор на традиционалната колонија.

– Пред кумановци ќе бидат презентирани триестина дела кои што авторите од различните држави ги создаваа на колонијата инспирирани од непосредната околина, вулкански карпи, вегетацијата, архитектурата, фолклорот, манастирот, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност од Центарот за култура.

Оваа година на колонијата учествувале 16 уметници од Македонија, Бугарија, Србија, Англија и Русија. Изложбата веќе биле презентирана пред публиката во Пробиштип. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 1.октовмри, годинава.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска