Денес во НУ Центар за култура од Крива Паланка беше отворена изложба на слики од Ликовната колонија „Ѓуриште“.
Изложени се вкупно 28 уметнички дела од 16 ликовни уметници, кои учествувале на колонија „Ѓуриште“. Кривопланчани – љубителите на ликовната уметност, се првите кои ја имаат можноста да се запознаат со творештвото на ликовната колонија „Ѓуриште“.
Почетокот на колонијата датира од пред 18 години и годинава имаше учество од најголем број уметници од соседните земји и Репубиката.
– Уметниците имаа можност да творат во прекрасна атмосфера која ја пружи светиниколската околија.Кретивноста на уметниците бече инспирирана од поднебјето во кое уметниците твореа, а темата за работа беше слободна по избор и водена од нивниот внатрешен порив, изјави еден основачите на колонијата, Димитар Лазов.