Во Крива Паланка изложба на проекти од 26. Меѓународна летна архитектонска школа

Од:

Со изложба на проектите работени изминатата недела во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“, кај Крива Паланка, вечерва официјално ќе биде затворена 26. Меѓународна летна школа за архитектура.

Школата е во организација на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, а годинава учествуваа триесет студенти кои твореа на тема „Чувство за дом“.

– Ова беше 26-та сесија на Летната архитектонска школа, а годинава учесниците имаа исклучителна можност да работат под менторство на познатиот словенски архитект Алеш Водопивец од Универзитетот во Љубљана. Тој ја дефинираше и годинашната тема на школата на која работеа учесниците од Русија и Македонија, како и туторите од Словенија и Грција. Студентите беа лоцирани непосредно до манастирот, во едно од маалата на село Варовиште, каде работат на мали проекти кои треба да го евоцираат чувството за дом, инспирирајќи се од природата и нивните сеќавања за тоа што е дом, изјави доцент д-р Слободан Велевски, координатор на школата.

Велевски истакна дека е презадоволен од можноста изминатите 25 години да творат во стариот конак на манастирот.

– Досега творевме во стариот конак. Годинава тоа не беше случај, се надевам повторно ќе можеме таму да се сместиме како особено инспиративен објект каде учесниците добиваат инспирација учејќи ја архитектурата. Сме имале учесници од речиси сите континенти, а низ децениите летната школа се етаблираше како значаен сегмент од наставата на факултетот. Тоа е двонасочен процес кој од една страна не репрезентира нас во светот, а од друга страна студентите -учесници успеваат да стекнат нови знаења и искуства кои им ги пренесуваат менторите од реномирани архитектонски факултети од светот, додаде Велевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка