Во Кочани се одржа манифестацијата „Нов град“

Од:

Во Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа заврши дводневната манифестација насловена „Нов Град“ поделена на музичка вечер на која настапија три македонски групи и филмска вечер – ревија на кратки македонски филмови и анимации.

На музичката вечер настапија групите К.Н.Н.Т – фуриозно електро-индустријал – панк дуо од Скопје составено од Марко Јанев на тапани и вокал и Иван Трајчев на синтисајзери и вокал, „Sweet Rapscallions“ повеќечлен арт колектив од Битола кој создава авангарден, психоделичен поп, како и групата „Anna O“ – кочански бенд, единствениот активен авторски бенд во градот.

На малата сала на Центарот за култура во Кочани синоќа беа прикажани проекциите на македонски кратки филмови и анимации:„Чевли“ (2016) – Бранко Костески ,„Ќе дојдат децата“ (The Children Will Come) (2016) – Ана Јакимска, „Човекот кој не беше таму“ (The Man Who Wasn’t There) (2017) и „Вистинската приказна за Хансел и Гретел“ (2010) – Гоце Цветановски, „Девојката што паѓа“ (2015) – Владимир Лукаш, „Кружното патување на Марето“ (2015) – Жарко Иванов, “Пепи и Муто“ (2015) – Георги Уковски, “Конзо“ (2013) и “People’s Front” (2012) – Иван Ивановски, „Зелени ѕидови – црна храна“ (2015) – Сандра Ѓоргиева и филмот „Направи Сам“ (2013) – Андреј Георгиев.

Проектот „Нов Град“ е поддржан од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“, а реализиран од здружението на граѓани „Икигаи“ со помош на Општина Кочани и НУЦК „Бели Мугри“.

Би можело да ве интересира

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

Притвор за 24-годишник од Кочани кој со нож избодел сограѓанин, го ранил во вратот и главата

Горан Наумовски

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

Жена од Кочани била нападната од сопругот

Горан Наумовски