Во Кочани почнува со работа летна школа за театар

Од:

Од почетокот на идниот месец за првпат во Кочани ќе биде отворена летна школа за театар, наменета за деца и млади до 15-годишна возраст.

Носител на проектот е драмското студио на Центарот за култура „Бели мугри“, а целта е да се поттикнат најмладите да ги направат првите чекори во актерството и театарот, а истовремено да се добијат нови кадри и добри актери. Со школата ќе раководи дипломираниот режисер Перо Даниловски, а пријавувањето за учество е од понеделник.

– На летната школа за театар ќе бидат презентирани содржини и активности што поттикнуваат самостојност и креативност, стекнување на сценски техники – говор, движење и артизам, како и развивање систем на критично размислување и јавен настап. Вообичаено во текот на летниот период театрите не работат, па оценивме дека паузата можеме да ја искористиме за да обучиме млади талентирани актери. Со практична работа планираме да почнеме од средината на јули, па сѐ до почетокот на новата учебна година, истакна Даниловски.

Учесниците на школата ќе работат со конкретни драмски текстови, а целта е по нејзиното завршување да се подготви театарска претстава што премиерно ќе биде изведена во септември.

Паралелно со овој, драмското студио од Центарот за култура во Кочани аплицираше со слични проекти и за следната година.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“