Во рамките на одбележувањето на Месецот на книгата во Библиотеката „Искра“ во Кочани е отворен 12-от Саем на книгата што ќе трае до 11 ноември. На саемот се понудени книги од повеќе жанрови, белетристика, стручна литература, лектирни изданија и изданија за деца.
Во присуство на голем број љубители на книгата саемот го отвори Румена Тодорова, директор на кочанската библиотека, која ја истакна важноста на оваа саемска манифестација за популаризација на икнигата мегу жителите на Кочани и околината. Поучени од минатите години на саемот, рече Тодрова, се нудат книги од најновата продукција на македонските издавачки куќи.
-Излагаат 15 издавачки куќи од Македонија меѓу кои Издавачката куќа „Икона“ првпат се преставува пред кочанчани, овој пат со дела на англиски јазик. На саемот во Кочани се изложени 1.460 наслови или 5.091 книга, кои се нудат по намалени цени, истакна Мара Анастасова, библиотекар во кочанската библиотека.
Во Кочани најнови изданија од својата книжевна продукција изложуваат издавачките куќи Ѓурѓа, Матица Македонска, Култура, Три, Магор и други.