Во Кочани изложени дела од младинската ликовна колонија „Св. Пантелејмон“

Од:

Изложба на дела создадени од учесниците на годинешната Младинска ликовна колонија „Свети пантелејмон“ е отворена во изложбениот салон на Националната установа центар за култура „Бели мугри“ во Кочани.

На ликовната колонија, што од 7 до 11 јули се одржа во Кочани, учествуваа дванаесет млади ликовни уметници од Скопје, Вевчани, Кратово, Штип и Кочани на возраст од 14 до 18 години.

На изложбата се поставени триесетина дела работени во повеќе ликовни техники кои младите уметмници ги создаваа на коилонијата. Застапени се мотиви од Кочанска река, старата архитектурата на градот, како и многубројните убавини на езерото Градче.

– Ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ беше исполнета со најразлични активности , дружење, ликовна едукација и образовно – ликовно доусоврашување. За учесниците на колонијата беше презентирана богатата културата во Кочанскиот регион, старата кочанска архитектира како и природните богатства на езерото Градче и планинските предели на Пониква на Осоговски Планини, изјави Александра Димитрова ликовен педагог и раководител на колонијата.

Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски, во обраќањето пред учесници на колонијата и посетителите на изложбата, ја истакна големата подршка што општината ја дава за реализација на колонијата. Делата од истата, рече Димитровски ќе бидат богатство на градот кој создава своја збирка од ликовни дела на уметници кои твореле во градот по различни поводи.

Изложбата на делата од Ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ во Центарот за култура ќе бидат изложени во следните петнаесет дена.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска