Во Кинотека „Недела на албански филм“

Од:

Од денеска до 26 октомври во Кинотеката ќе се одржи „Неделата на албански филм“. На петдневната манифестација, реализирана од Кинотеката и Националниот филмски центар на Албанија ќе бидат прикажани по пет долгометражни и кратметражни играни филмови од поновата продукција.

На отворањето на „Неделата на албански филм“ ќе присуствуваат директорот на Националниот филмски центар на Албанија, Едуарт Макри и албанскиот амбасадор во земјата Фатос Река.

„Неделата на албанскиот филм“ ќе започне со филмот „Моето езеро“ на Ѓерѓ Џувани, веројатно еден од најпознатите и најуспешни албански филмски автори во овој век, кој прерано почина пред две години. Филмот „Моето езеро“ има алтернативен наслов „Мојот филм“, во кој Џувани ја отсликува тридецениската приказна од „темната страна“ на албанското општество – трговија со дрога, насилство меѓу младите – која се повторува и повторува…

Џувани режираше девет долгометражни играни филмови, од кои на македонската публика најпознати наслови и се „Пароли“ (2001) и „Исток, Запад, Исток: Финален спринт“ (2009; делумно сниман и во земјава), а прикажувани на Скопскиот филмски фестивал.

Потоа ќе биде прикажан филмот „Зората“ на Гентиан Кочи, дебитанско долгометражно играно остварување на овој млад режисер, кој е автор на неколку кратки и документарни филмови. Филмот е социјална драма за нужното снаоѓање во борбата за егзистенција на една млада самохранамајка.

„Аманет“ е уште едно дебитантско долгометражно остварување, потпишано од Намик Ајази, со приказна од светот на шпионите во албанската државна безбедност и желбата да се раскаже вистината во таа „игра на искривени огладала“.

Филмот „Засолниште меѓу облаците“ е втор игран филм на Роберт Будина, сестран филмаџија кој се занимава и со филмска продукција и режија, но е присутен и во театарот. Приказната се одвива во милјето на едно мало планинско село во кое муслиманите и христијаните живеле во слога со векови. Главниот јунак, осамениот овчар Бесник е од мешан брак, па драстичните промени во општеството мора да го најде сопствениот пат во животот.

„Делегацијата“ е уште еден успешен дебитантски наслов во албанската кинематографија, потпишан од Бујар Алимани, кој важи за еден од најталентираните млади автори. Неговата приказна се одвива во зората на политичко-општествените промени во Албанија на почетокот на деведесеттите години, по падот на комунизмот, и желбата за рехабилитација на политичките затвореници.

На Неделата на албански филм ќе бидат прикажани и кратки филмови на уште четири млади надежи на албанската кинематографија Сокол Керај, Бенарт Лазе, Фабио Сефери и Раин Никола.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска