Во Кичево вечерва се отвара изложбата „Калеидоскоп“

Од:

Во Ликовната галерија при Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево вечерва ќе биде отворена изложбата „Калеидоскоп“.

Изложбата се организира од Музеј на Град Скопје и ќе биде отворена до 1 март, влезот ќе биде слободен.

Кураторите Благоја Варошанец и Екатерина Намичева ги селектираа делата на две млади графички дизајнерки од Македонија: Симона Трипкова и Маријана Ивановска за претставување на изложбата „Калеидоскоп“, што е дел од годинашната програма за одбележување на Европскиот ден на креативноста, а е во рамките на европскиот проект КреАрт.

“Проектот КреАрт има за цел да им овозможи на младите артисти поголема мобилност и поголема слобода на изразување, што впрочем е постојаната цел и на проектот МузеумЛинк. На овој начин сите градови кои ќе ја превземат оваа изложба како Кичево, ќе бидат дел од семејството на европски градови кои се залагаат за поголема мобилност на креативноста и креативните идеи, како и ќе ја имаат привилегијата да видат уметнички настапи на творци еднакво како и во големите европски метрополи, вели Маја Николоска Силјаноска од Центарот за култура.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска