Во Кавадарци промовиран проспект за џоломарската игра во селата Ресава и Бегниште

Од:

Во Музеј галеријата во Кавадарци, денеска беше промовиран проспект за џоломарската игра во селата Ресава и Бегниште, од авторот Томе Крстевски, виш кустос етнолог.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева, појасни дека џоломарството е тесно поврзано со чествувањето на Стара нова година, позната како Василица, кој традиционално со сите обичаи се одбележува во Тиквешијата. Таа нагласи дека за одбележување е фактот што џоломарите и нивната игра од Бегниште се прогласени за заштитено нематеријално културно наследство од особено значење, со одлука на Владата пред околу две години.

Пред присутните се обрати и Крстевски.

– При систематско теренски истражувањата вршени и од страна на колеги од институцијата кај овие две маскирани групи, добиен е материјал со единствена цел да се претстави традицијата на џоломарите од селата Ресава и Бегниште. Како докази користени се собирани материјали, материјали од теренски истражувања, но и личен став кон некои елементи присутни во овој обред, рече Крстевски.

Тој додаде дека преку архивските извори, објавени материјали, презентирани податоци и споредени сопствени теренски истражувања, континуирано е следен обредот на овој микро предел.

-Во периодот од Коледе до Водици, за време на 12 некрстени денови, следена е традицијата, особено на празнувањата и обредите за Стара нова година или позната како Василица, на 14 јануари, во овие две села. Со започнувањто на обредот, ноќта меѓу 13 и 14 јануари, Василица, селската заедница започнува да живее еден поинаков живот од вообичаениот, нагласи Крстевски.

Проспектот финансиски е поддржан од кавадаречката локална самоуправа.

Во рамки на денешниот настан, беше прикажан и дел од документарниот филм за џоломарите, којшто се уште е во продукција, од авторот Тони Коцев.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Горан Наумовски

33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Семејно насилство во Кавадарци: Маж ја истепал сопругата

Горан Наумовски