Во Кавадарци отворена изложба за Меѓународниот ден на музеите

Од:

По повод Меѓународниот ден на музеите, дела од повеќе уметници од земјава, од денеска се изложени во кавадаречката музејска галерија.

Станува збор за ликовни дела изработени во разни сликарски техники, масла и акрил на платно, акварели, графики, како и скулптури и резби од еминентни творци, од збирката на музејот.

Повеќето потекнуваат од автори од Кавадарци како Петар Мазев, Глигор Чемерски, Симон Шемов, Ана Темкова, Илинка Глигорова, Никола Баснарков, Ристо Соколов, Ружица Јове и Ристе Јосифовски, Петар Наневски, Симона Манчева, Лазар Дојчинов, Наташа Бошковска, Галаб Галабчев, но има и дела од други познати уметници од државата.

Одбележувањето на овој ден е креирано од Интернационалниот одбор на музеи во 1977 година.

– Целта на манифестацијата е промоција на музеите низ активности на одредена тема, а со цел зголемување на видливоста на овие културни институции и нивната важна улога во промовирањето на културата во секојдневното живеење, рече Весна Ѓорѓиева, в.д. директор во кавадаречката културна установа.

Таа нагласи дека постојано се зголемува бројот на партиципиенти, а во 2012 година 30 илјади музеи од 129 земји го одбележале овој ден.

Настанот е организиран од Музејот и градоначалникот на општината, со поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска