Во Кавадарци отворена изложба на ликовниот уметник Гордана Винчиќ

Од:

Во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе” во Кавадарци синоќа беше отворена изложба на ликовниот уметник Гордана Винчиќ, насловена „Интуитивна исповед“.

Станува збор за 30 дела,  женски актови, комбинирана техника (јаглен, пастел и туш) на хартија.

За  своето творештво Винчиќ рече дека со создавањето на  нејзините дела таа го надминала срамот, доживеала ослободување од потиснатите емоции.

– Сите мои дела се создадени во момент на интуитивна исповед при која ги ослободувам моите потиснати емоции. Тие ослободени проникнуваат и се чувствуваат во ликовите. Споделувајќи го искуството,  сакам да го поттикнам гледачот сам да се осврне кон своите чувства, нагласи Винчиќ пред кавадарчани.

Изложбата ја отвори и говореше нејзиниот колега, ликовен уметник од Кавадарци,  Трајче Јованов, кој стави акцент на актот, како инспирација низ сите фази на творештвото на големите сликарски имиња.

– Тој вечен инспиративен уметнички предизвик, секогаш бил и останува посебна имагинација и стварност на големите, но и на обичните сликарски имиња во светот, нагласи Јованов.

Пред отварањето на изложбата,  ученици од ОМБУ„Лазо Мицев Рале„ имаа клавирска изведба .

Винчиќ е родена во Скопје, а живее и твори во Малме, Шведска. Има реализирано повеќе самостојни изложби, меѓу кои една од позначајните е „Transitions“ во музејот на „Puskinska10“ во Санкт Петерсбург во 2015 година. Има  изложувано дела заедно со својата сестра во Франција, Шведска, Англија и Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска