Во Гевгелија отворена изложба на Соња Чингарова Фотева

Од:

Во организација на Националната установа Музеј Гевгелија, во ликовната галерија Амам беше отворена изложбата на Соња Чингарова Фотева, насловена „Мандала Милци“.

-Предмет на инспирација во делата на Чингарова Фотева се уникатните прилози од железното време од некрополата Милци, односно личниот накит, култната „македонска бронза“ и керамичките предмети кои заедно градат комплексна структура на своевиден лавиринт, истакна на отвораењето Бобан Хусеновски, директор на гевгелискиот Музеј.

Вишиот кустос од скопскиот музеј, Дора Андонова, појасни дека Мандала е обидинувачки симбол на животот и смртта.Таа, рече Андонова, помирура спротивности, минато и иднина, светлина и темнина, Сонце и Месечина, небо и земја зад чиј бескраен синџир на раѓањето и смртта постои длабока смисла, прикриена вистина на чекор до големата иницијација.

АвторкатаСоња Чингарова Фотева одлучи едно од делата на изложбата да го подари на ликовната збирка на Уметничката галерија на градот и Општината Гевгелија, која е во фаза на формирање.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска