Во Гевгелија ќе биде отворена изложба на скулптури од метал

Од:

Во Пионерскиот дом во Гевгелија вечер ќе биде отворена изложба на скулптури од метал од циклусот „Феникс“ на академскиот скулптор Марјан Стојаноски од Прилеп.

Историчарот на уметноста Јана Јанеска Ристески вели проблематиката со која се бави Стојаноски е ретко претставувана во скулптури кај нас и дека е главен предизвик за почеток на неговиот циклус „Феникс“.

-Марјан Стојаноски е скулптор кој успева на металот да му најде судбина во уметноста,да го определи карактерот,да го идентификува вкусот и да ја постави стабилноста на критериумот преку ротирачките скулптури кои сами по себе се интересна приказна за нашите простори,вели Јанеска Ристески.

Академскиот скулптор Марјан Стојаноски завршил факултет за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Ибрахим Беди. Член е на ДЛУМ и на ДЛУП каде во два наврати бил и претседател. Пред пет години ја добил наградата за скулптура ,,Јордан Грабул“.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска