Во Галерија КО-РА – мал салон отворена е самостојната изложба на ПЕТРА ЈОВАНОВСКА – „ Разговор со уметникот“ и самостојната изложба на РАФАЕЛ РИСТОВСКИ насловена „Урбани контрасти“.
Во отворањето на изложбите учествува секретарот на Град Скопје, господин Зоран Глигоров,кој го истакна значењето на оваа изложба во контекст на годишната програма која е поддржана од Град Скопје и Виолета Калиќ , историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во ЈУДом на култура Кочо Рацин-Скопје, која говореше за релацијата помеѓу двете изложби кои компактно се надополнуваат во духот на импактот кој денешната современа урбана структура го има на единката во сите сфери на живеењето и опстојувањето, а неминовно се одразува и на најсуштественото и најсуптилното во човековото битие -релации помеѓу исконските пориви, потреби, желбите и стремежите,потиснати и подредени во еуфоричната концентрацијата на динамиката и сите соодноси кои ја детерминираат урбаната средина, како утопија и дистопија во корелација или често и во контраст со човековите длабоко вкоренети пориви и потреби за избалансирано и похармонично темпо во духот со природата која вклучувајќи ги и имапктите од климатските промени и рецидиви, е се понепредвидлива и го видоизменува и севкупниот урбан ареал , а воедно има импкат и врз современата архитектура која треба да биде и засолниште за малите зелени оази, и за сите човекови потреби подредени кој еден поинаков и повидоизменет реалитет. делата на Петра Јовановска иако сконцентрирани и преточени најчесто во кругот, кој е счести и како симбол имплемнетиран во композициите посочуваат разнородни расположениа кои се импакт на појавната и непојавна стварсност , вклучувајќи ги и феномените на ововременото и урбаното.кое неизоствано остава трага како во севкупноста на човековото бивствување, така и во сензитивната природа на уметникот.
Воедно во своето излагање Виолета Калиќ посочи дека е круцијално да се префокусираме од привидот и површната перцепција кон суштината и суштественото содржано во пораката која секое дело одделно ја еманира и ја посочува не само со формата и техниката, туку и со содржината која во делата на Петра Јовановска често вткаена и во минуциозноста на структурата, со чуедсна интерполација на разнородни елементи 0 сув печат, линорез, колаж, или пораката е сконцентрирана и во симболот на бојата како акцент или доминанта. Фрагментите како секвенци од урбаната маркантна конструкција на современите урбани објекти во разнородна функција го сугерираат акцентот на материјелите и форми кои посочуват динамика и вектори кои се пофуриозно се извишуваат како доминанта во современта урбана архитектура, често и контроверзна во отстапувањето од основните човекови потреби за природна светлина и природен воздух, за комуникација и опкружување со природата, зелените и водени ареали, или архитектура која воедно стреми и отстапува од светлината, или експериментира со псевдо светлина, и привидот за отворен и транспарентен простор …
Бројните учества на изложбите ширум светот, и бројните награди ја потврдуваат и посочуваат и универзалната порака која ширум светот ја препознават во творештвото на Петра Јовановска и воедно го прави соодветно и отворено и за дијалог преку една вака конципирана изложба во релација и со творештво кое ја одразува преокупацијата на Рафаел Ристовски како автор претставник на помладата генерација кој ги посочува проблемите преку фотографијата и специфичните ефекти постигнати со методи на таканаречена манипулација. Воедно овој проект ја навестува и неговата зрелост во приодот, како подем во истражувањата на техниката и изразните можности на фотографијата како медиум, и дострелот во изборот на кадри, секвенци, кои посочуваат еден широк растер во доловувањето на диспозицијата на векторите, кои ги артикулираат и посочуваат, претставувањето на есенцијалните одредници на современа урбана архитектура.