Во Египет откриена ограда стара повеќе од 3.500 години

Од:

Археолози на местото на древната престолнина во северниот дел на делтата на Нил пронајдоа „џиновска ограда“ стара повеќе од 3.500 години, соопшти Министерството за антиквитети во Египет.

До откритието дојоа истражувачи од Австрискиот археолошки институт.

Се верува дека оградата, од време на Средното египетското кралство, била дел од градските ѕидини, изјави министерот за антиквитети, Мамдух ел-Дамати, додавајќи дека станува збор за периодот кога Египет го освоиле Хиксите, антички азиски народ, исто така познати и како „Владетелите на пустината“.

Во соопштението на министерството се наведува дека конструкцијата, долга најмалку 500 метри и широка седум метри,  е пронајдена во местото Тал ел-Даба, во провинцијата Шарки, на чија територија некогаш се наоѓал градот Аварис, главен град на династијата Хикси во Египет.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска