Во Дебар се одржа детскиот фестивал „Радика фест“’

Од:

Во Центарот за култура во Дебар се одржа осмото издание на Детскиот фестивал „Радика фест“ на кој беа изведени 13 композиции.

Првото место од стручното жири и припадна на Сара Љубиновска која ја изведе композицијата „Дебарски бисер“, а според публиката најдобра беше групата „Wild kings“ со композицијата „Супер стар“. За најдобар дебитант беше прогласена Ајлин Рамаданоска, која ја исполни композицијата „Принцеза“.

– И авторите и изведувачите, кои се деца на возраст од 7 до 15 години, се од општините од нашиот регион – Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, како и неколку градови од државата. Имавме навистина силна конкуренција од секој аспект што е посебно задоволство бидејќи тоа е потврда за реномето на фестивалот, изјави Зинче Мимидиноски, директор на фестивалот.

Тој упати благодарност до Министертвото за култура кое финансиски го помогна одржувањето на фествалот. Поддршка за манифестацијата дадоа и локалната самоуправа на Дебар и Центарот за култура.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он

Од Дебар до Тирана за еден час, пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината

Катерина Ѓуровски

Инцидент во Џепчиште: Наставник истепал ученик во училиштето „Пенестија”

Горан Наумовски

Дебарчанец е уапсен под сомнение за семејно насилство