Во Букурешт ќе биде откриена биста на Никола Мартиноски

Од:

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска ќе открие спомен-биста на Никола Мартиноски во Букурешт, каде што нашиот познат сликар во 1927 година дипломирал на Школата за убави уметности.

Бистата на Мартиноски ќе биде поставена во паркот „Михаил Први“, на просторот каде што се сместени споменици на врвни имиња од светот на уметноста, книжевноста, филозофијата, политиката…

-Откривањето на бистата се случува три дена по 8 декември, Денот на македонскиот јазик во Романија кој, благодарение на истрајноста на македонската дијаспора во оваа земја и одлуката на романскиот парламент, претставува значаен датум за зачувување на традициите, културата и јазикот на македонското етничко малцинство во Романија, соопшти Кабинетот на Адеми.

Никола Мартиноски (Крушево, 1903 – Скопје, 1973) ја посетувал Школата за убави уметности во Букурешт од 1920 до 1927 година.

Ги следел курсевите по цртање, декоративна уметност и сликање кај професорите Георге Миреа и Камил Ресу и скулптура кај професор Димитрие Пачуреа, а на крајот од школувањето добил прва награда за сликарство.

Би можело да ве интересира

Вкупно 33 апликации на конкурсите за млад и зрел уметник што ги објави Националната галерија на Македонија

Ана Ололовска

Работилници за мозаик со уметникот Никола Упевче отворени во Охрид

Ана Ололовска

Детска ликовна работилница на отворено во Куманово

Ана Ололовска

Перформанс „Зошто“ на Спасе Перовски во Младинскиот парк во Велес

Ана Ололовска

Уметничката галерија во Тетово со повик до уметниците кои сакаат да изложуваат во 2012 година

А1он

Во тек конкурсот за наградата „Антево перо“

А1он